Барселона потпиша договор со најталентираниот член на Ла Масија, откупната клаузула е нереална


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона вчера објави дека и официјално го продолжи договорот со најталентираниот фудбалер во Ла Масија, Мориба Курума.

Се работи за 16-годишник кој игра на позицијата централен везен играч, а моментално е член на У19 на тимот на Барселона.

Дека го продолжи договорот со тимот до 2022. не е и некоја вест, со обзир дека има само 16 годеини, но секако интересен е фактот дека каталонскиот гигант во истиот вметна и откупна клаузула од неверојатни 100 милиони евра.

Тоа е само доказ колку Барса го цени овој играч кој инаку е познат како Илаикс, а не е ни чудо што каталонците го осигураа со клаузула бидејќи веќе има заинтересирани клубови за овој играч ако што се Сити, Јуве и Челси.

Инаку, тој е роден во Гвинеја во 2003. година, но има и шпански пасош, па веројатно во иднина би требало да заигра за оваа репрезентација.