Кањижа Куп – Металург го разнесе Партизан


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Металург отвори со победа на Кањижа Купот кој се одржува во Србија.

Македонскиот клуб го совлада Партизан со 36:23.

На целиот натпревар беа доминантни ракометарите на Металург, а победата ја имаа осигурано уште на полувреме кога имаа солидни 6 погодоци предност. Во второто полувреме продолжија со притисокот кон противничкиот гол и победија со 36:23.

Мартин Марчец со 10 погодоци беше најефикасен кај Металург. Петров, Талески, Младеновиќ и Матијашиќ постигнаа по 3 погодоци. Пешевски, Јагуриновски, Костески, Брајовиќ и Кузмановски додадоја по 2 погодоци. Натпреварот со 1 погодок го завршија Печенковски, Димитријевски, Нелоски и Велковски.