Кимпембе брзо учи лекции: По пеналот кој го понесе Јунајтед во ѕвездите, фудбалерот на ПСЖ најде решение за сличните ситуации… (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Преснел Кимпембе беше трагичар на реваншот од мечот во осминафиналето од Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

ПСЖ по првиот меч имаше предност од 2:0 на „Олд Трафорд“, но на свој терен се уништија. Јунајтед славеше со 3:1, а третиот погодок го постигнаа во судиското дополнување од белата точка.

Пеналот го направи Кимпембе кој во својот казнен простор играше со рака, а по ВАР судијата покажа на белата точка. Маркус Рашфорд беше сигурен и погоди за сензација на Јунајтед во Париз.

Очигледно е дека Кимпембе ја научи лекцијта, а тоа најдобро се виде на синоќешниот меч против Стразбург. Во текот на еден напад на противничкиот играч шутираше кон домашните, а Кимпебме овојпат рацете ги стави зад грб.

Секако, не требаше долго за оваа фотографија да стане една од главните теми на фудбалските фанови ширум социјалните мрежи.