Барса ги зголеми влезниците за реваншот, а сега тоа жестоко им се врати


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Најголемото дерби од 1/4 финалето во ЛШ играат Манчестер Јунајтед и Барселона, а првиот меч е на распоредот веќе утре на Олд Трафорд.

Црвените Ѓаволи на Театарот на соништата ќе ја угостат Барселона која е голем фаворит во овој дуел, но сигурно е дека не треба да се отпишат ни Црвените Ѓаволи.

Борбата помеѓу овие клубови започна уште пред 10 дена откако беа објавени цените на влезниците за мечот во Барселона. Имено, каталонскиот клуб шокираше со објавата дека цената на влезниците за гостинските навивачи ќе чини 102 фунти што е скоро дупло отколку претходно што била цената.

Јунајтед одлучи да возврати со иста мера и поставија цена од 102 фунти за навивачите на Барса за утрешниот меч. Ова ги погоди Каталонците, па не ги купија сите влезници.

За навивачите на Барса било предвидено 3500 влезници, а до денес биле купени само 2000, бидејќи и тие биле изненадени од високата цена на влезниците. Од друга страна навивачите на Јунајтед ги купија сите 4610 влезници за мечот на Камп Ноу, бидејќи клубот ја надокнадил разликата од првобитната цена.