Сослкјер знае: Само повеќе бодови, кои се и реални не носат во Топ 4…!?


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер истакна денес дека неговата екипа може да стигне до третата позиција во Премиер лигата ако во преостанатите шест натпревари освои 15 бодови.

Јунајтед моментално е на шестата позиција на табелата во Премиер лигата со 61 бод. Трет е Челси со 66, четврти се Тотенхем со 64, додека петопласирана е екипата на Арсенал со 63 бодови.

„Потребни ни се повеќе бодович. Ако освоиме 15, ќе бидеме во првите три тима, бидејќи се надеваме дека ќе славиме против Челси. Ние сакаме да бидеме меѓу најдобрите три екипи. Топ четири исто така е цел, но треба да тежиме да ги освоиме тие 15 бодови“, истакна Солскјер, пренесуваат бритнаските медиуми.

„Но, сега сме фокусирани само на Вест Хем“, додаде менаџерот на Јунајтед.

Манчестер Јунајтед утре од 18:30 го пречекува Вест Хем во рамки на 34. коло во Премиер лигата.

Јунајтед во тој меч влегува по поразот од Барселона во Лигата на шампионите и Вулверхемптон во ПЛ.