„Кралевите“ во паника: Рамос го очекува долга пауза!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос го повреди левиот лист поради што надвор од теренот би можел да ги помине наредните три недели.

„Кралевите“ во завршницата од сезоната ќе мора да играат без искусниот дефанзивец. Иако во официјалниот извештај не се открива кога Рамос ќе се врати на тренинг, сепак странските медиуми пишуваат дека го очекува пауза од три недели.

Последниот меч Рамос го одигра против Валенсија, а потоа одмораше на мечот против Еибар, а сега нема да го има ниту во составот за дуелите со Леганес, Атлетик Билбао и Хетафе.

Искусниот дефанзивец сезонава одигра 39 натпревари на кои постигна десет голови.

„Кралевите“ се елиминирани од Лигата на шампиони, шпанскиот Куп, а во домашното првенство речиси немаат шанса да ја освојат титулата, зашто имаат 13 бодови помалку од Барселона.