Уште едно ЧУДО: „Топчиите“ застанаа во ред за фудбалерот на Ајакс…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тековната сезона многу веројатно ја одбележаа првотимците на Ајакс, избраниците на Тен Хаг од меч во меч ја оставаат фудбалска Европа без зборови.

Кога ги гледате просто не знаете на кој играч да се фокусирате, младиот Де Лихт кој со неполни 20 години командува сигурно со одбраната или на средината на теренот каде новиот играч на Барселона, Френки Де Јонг покажува дека ќе бите и тоа како успешна аквизиција на клубот од „Камп Ноу“.

Во нападот почна приказната за дијамантот како Нерес Зијех кој предводен од Тадиќ ги доведува одбранбените играчи до лудило.

За Нерес веќе пишувавме дека владее голем интерес, по пишувањето на Телеграф, долг е редот за неговиот потпис, па таму се најдоа и Арсенал и Евертон.

„Топчиите“ се доведуваат во врска со трансферот на Хрватот, голем интерес за Бразилецот и тоа како ќе ја зголеми цената, па останува да се види кој следен ќе му нанесе удар на тимот од Холандија и ќе одведе еден од членовите на оваа генерација која без сомнеж на Ајакс ќе му донесе многу пари.