Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кога Андреа Пирло замина од Јувентус, на негово место беше донесен Миралем Пјаниќ.
Меѓутоа, баш како и Пирло, така и Пјаниќ барем досега не успеа на Старата Дама да и ја подари титулата од Лигата на Шампионите која Бјанконерите ја посакуваат веќе 2 децении.
Последниот болен удар го претрпија синоќа кога беа исклучени од Ајакс, а Пјаниќ не беше баш во форма, како и целата екипа на Јувентус освен Кристијано Роналдо и Војчех Шчезни.
Пирло како гостин во SkySport изјави дека лошиот натпревар на Пјаниќ е поради тоа што тој видел замор кај босанскиот репрезентативец.
„Јувентус беше добар во првиот половина час од натпреварот, но после голот кој го ремизираше натпреварот, екипата се раздели и не успеа повторно да стане опасна. Пјаниќ беше уморен, исто и Бернардески. Ајакс заслужено се пласираше понатаму!“, рече легендарниот Пирло.
Пирло во финалето на Лигата на Шампионите со Јувентус играше во 2015 година, а Пјаниќ две години подоцна. Старата дама беше поразена два пати, прво од Барселона, па потоа од Реал Мадрид.