„Газета дело Спорт“: Интер тргна по потписот на Елмас! (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијански „Газета дело Спорт“ објави ексклузивна вест дека Интер тргнал по потписот на македонскиот репрезентативец и фудбалер на Фенербахче, Елиф Елмас.

Големото дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај го следеа голем број скаути, а токму на тој меч Елмас постигна важен гол за својата екипа.

Одличниот настап привлече голем интерес од европските гиганти, меѓу кои се Лацио, Фиорентина, Тотенхем, но сега во битката за неговиот потпис се вклучи и Интер.

„Газета“ пишува дека директорот на Интер, Бепе Марота го додал името на Елмас на листата со желби, па сака на лето да го добие неговиот потпис, сепак за тоа ќе мора да води голема битка со останатите европски клубови.