Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пристигна Мартин Одегард во Реал како еден од најголемите таленти во светскиот фудбал.
Сепак, не одеше ништо како планираното, младиот Норвежанец немаше квалитет за првиот тим, па заминуваше на позајмица.
Изминатата сезона беше во Херевен, а од летово е во Витесе каде игра одлично, постигна осум погодоци и запиша девет асистенции во Ередивизија.
Ќе се врати по истекот на позајмицата на „Бернабеу“, но прашање е дали Зидан е подготвен да му пружи прилика.
„Подготвен сум за следниот чекор. Сакам да продолжам да растам како играч.
Го зголемив бројот на погодоци кои ги постигнувам, како и асистенциите, па моите настапи се подобри, играм со повеќе слобода и самодоверба.
Сакам да ја завршам сезоната на најдобар можен начин со Витесе и потоа да донесам одлука. Имав 20 години и сакам да играм во Лигата на шампионите“, изјави Одегард.
Така, Одегард би можел да го напушти Реал, во кој никогаш не доби вистинска шанса, а јасно е дека за неговите услуги ќе бидат заинтересирани голем број на екипи.