Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ле Паризиен“ пишува дека Томас Тухел сака да донесе најмалку четворица фудбалери во своите редови ова лето, а дури тројца од нив треба да бидат претставени на самиот почеток на преодниот рок.
Офанзивниот играч на Лил, Николас Пепе ќе е примарна трансфер цел на Тухел за нападот на ПСЖ, а Германецот ќе се обиде да донесе уште еден централен дефанзивец и двајца играчи од средниот ред.
Жулијан Вајгл од Борусија Дортмунд е првиот избор за средината на теренот, додека Андер Ерера од Манчестер Јунајтед речиси сигурно ќе се пресели на „Паркот на принцовите“ штом неговиот договор со „ѓаволите“ истече.