Катаи од наредната недела во Серија А?

Александар Катаи игра одлично во оваа сезона во дресот на Црвена звезда.

Крилниот напаѓач на тимот од Љутице Богдан привкече внимание на клубовите од петте најквалитетни лиги, а после Селта , за него се заинтересира и тим од Серија А, поточно Аталанта.

И порано клубот од Италија се интересираше за фудбалерот на Звезда, но управата на црвено-белите одби понуда од 2 милиони евра, и бараа дупло повеќе.

Дали неделниот натпревар против Нови Пазар за Катаи ќе биде последен во дресот на Звезда, останува да видиме.