Кризен состанок во Мадрид: Рамос состави листа со желби и „истрошени фудбалери“! (ФОТО)

„Диарио Гол“ пишува дека капитенот Серхио Рамос одржал кризен состанок со претседателот Флорентино Перез на кој доставил спсиок со фудбалери, кои сака да ги види од наредната сезона, но и такви кои според негово мислење ја завршиле својата епизода во клубот.

Рамос е убеден дека треба да го пуштат Рафаел Варан, зашто смета дека неговиот фокус повеќе не е на „кралевите“, туку се променил, откако станал светски шампион со Франција.

Капитенот на „кралевите“ смета и дека Марсело размислува за заминување во Јувентус, па треба да го пуштат да замине, додека Рамос исто така сака да се ослободи од Касемиро и еден од моторите на тимот, Тони Крос или Лука Модриќ.

Што се однесува до пристигнувањето на нови фудбалери, Рамос е јасен, а тоа е Килијан Мбапе или Нејмар.

Еден Азар, исто така, се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, па него го сака и Рамос, а исто така се шпекулира дека во средината на теренот како засилување ќе пристигне и Кристијан Ериксен.