Арсенал се подалеку од местата кои водат во Лигата на шампионите (Видео)

Екипата на Арсенал претрпе нов пораз, овој пат на гостувањето на „Мулину“ кај тимот на Вулверхемптон.

Избраниците на Нуно Еспирито Санто одиграа перфектно прво полувреме кое го добија со 3:0 и најавија дека фудбалерите на Арсенал со наведнати глави ќе го напуштат стадионот.

Рубен Невеш, Мат Доерти и Диого Жота беа стрелци на погодоците за Вулверхемптон во првиот дел, додека почесниот погодок за Арсенал го даде Скоратис Папастопулос.