Навивачите во еуфорија: Буфон се враќа во Јувентус!?


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон најверојатно ќе го напушти француски ПСЖ по само една сезона. Тие имаат опција да му го продолжат договорот на 41-годишниот чувар на мрежата на уште една сезона, но најверојатно нема да го направат тоа.

Сепак, Буфон нема да го напушти фудбалот, односно ќе се врати во Јувентус, кадешто ќе добие директорска позиција.

Буфон би сакал уште еднаш да се обиде да ја освои Лигата на шампиони. Меѓутоа, ПСЖ не е подготвен да ја продолжи соработката со него и почна да бара нов голман, а неговиот агент Силвано Мартина во наредните денови ќе има преговори со францускиш шампион.

Наскоро ќе се дознаат повеќе информации, а Буфон е пред голема одлука во својата кариера.