Доминација на „граѓаните“ во идеалниот тим: Сити има шест фудбалери меѓу најдобрите 11 (ФОТО)


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Шестмина фудбалери на Манчестер сити се наоѓаат во идеалниот тим во Премиерлигата. Голманот Едерсон, Ејмерик Лапорт, Бернардо Силва, Фернандињо, Серхио Агуеро и Рахим Стерлинг си најдоа место во идеалниот тим во избор на колегите од англискиот шампионат.

Покрај нив следуваат и четири фудбалери на Ливерпул, а тоа се Ендру Робертсон, Трент-Александер Арнолд, Вирџил Ван Дајк и Садио Мане, додека последниот фудбалер, кој најде место во идеалниот тим беше Пол Погба.

Тоа значи дека втора година по ред Манчестер сити, актуелниот шампион има најмногу фудбалери во најдробрите 11.

Тимот на Пеп Гвардиола е на добар пат да го одбрани трофејот, откако славеше во дербито во Манчестер против Јунајтед со 2-0.