„Доколку фудбалерите ме опишат со еден збор, тие ќе кажат дека сум – копиле!“


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Португалскиот тренер Жозе Мурињо за многу фудбалери со кои работел беше кошмар поради неговото однесување.

Пред неколку дена Емануел Адебајор кажа дека Мурињо психички ги уништувал фудбалерите на Реал Мадрид додека ги тренирал „кралевите“.

За многумина Мурињо е најдобар тренер во светот, но ретки се фудбалерите со кои останувал во добри односи, откако ги тренирал. Меѓутоа, ниту фудбалерите не биле најдобри кон него.

Мурињо одговори на прашањата на медиумите како би го опишале фудбалерите доколку можат да искористат еден збор.

„Тоа зависи. Некои од нив сигурно би рекле дека сум копиле, дури слушнав некаде дека тоа ми е прекар. Свесен сум за мојот карактер, но поради него постигнав големи резултат“, вели Мурињо.