Поранешниот прославен фудбалер на Манчестер Јунајтед се пензионира по крајот на сезоната


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


На официјалната страна на фудбалскиот клуб Рединг објавија информација дека нивниот играч, Џон Ошеј ќе се пензионира по крајот на оваа сезона.

Ошеј денес го слави својот 38 роденден и на истиот објави дека од следната сезона нема активно да игра фудбал и дека ќе земе пауза од овој спорт.

Џон Ошеј на фудбалската јавност и стана познат по настапите за Манчестер Јунајтед чиј дрес го носеше цели 12 години пред да премине во Сандерленд во 2011 година.

Во дресот на Манчестер Јунајтед одигра над 250 натпревари и беше креатор на многу важни голови за клубот меѓу кои се истакнуваат неколку против најлутиот ривал, Ливерпул.