Откриена тајната на успехот на Ајакс во ЛШ!


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Ајакс синоќа го совлада Тотенхем во гости со 1-0 во првиот меч од полуфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), па сега се наоѓа на чекор до огромен успех.

Холанѓаните до победата стигнаа со голот на Дони Ван де Бек во 15. минута, а покрај тоа имаа и уште неколку добри шанси да постигнат повеќе голови.

Пред да почне новата сезона во елитното натпреварување никој не очекуваше дека Ајакс може да игра во полуфинале.

Тимот од Амстердам имаше тешка група, кадешто играше со Баерн Минхен, Бенфика и АЕК, но заврши на второ место со 12 бодови и без пораз.

Тоа што најмногу воодушевува е играта на Ајакс во гости. Холандскиот тим од групната фаза, па до полуфиналето на натпреварувањето постигна барем еден гол во гости, а во шокантното осминафинале против Реал Мадрид постигна четири гола, додека во четвртфиналето против Јувентус даде два гола.