„Мбапе не е истото момче, се однесува како Нејмар, а тоа многу ме нервира!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Килијан Мбапе ја има најдобрата сезона во кариерата, откако одигра 41 меч за ПСЖ, а притоа постигна дури 36 голови и 17 асистенции.

Иако има само 20 години, фудбалерот на ПСЖ блесна на врвно ниво, па руши рекорди и светот е воодушевен од неговите настапи.

Меѓутоа, неговото однесување во последно време нервира многумина. Мбапе почна многу да паѓа и да се обидува да изнуди прекршоци и кога нема старт врз него.

Меѓу разочараните е и фудбалерот на Ним, Денис Буанга, кој вели дека Мбапе целосно се променил во Париз.

„Кога ќе го споредите Мбапе од Монако и овој денес, тој е сосема различна личност. Нема ист пристап, се однесува како Нејмар и тоа едноставно не е тој. Во моментов неговото однесување нервира многу фудбалери“, вели Денис.