Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меси синоќа ја одведе Барса до победа над Ливерпул.
Иако Редсите одиграа многу добар меч на Ноу Камп, промашувањата на крајот скапо ги чинеа, па Барса на крилјата на чудесниот Меси дојде до големи 3-0 и на чекор се од финалето во Лигата на шампионите.
Посебно беше импресивен погодокот на Меси кој го постигна од слободен удар. Погоди скоро од 30 метри и уште еднаш го воодушеви фудбалскиот свет.
Интересен коментар на овој погодок даде поранешниот холандски фудбалер Рене ван дер Гијп, кој работи како аналитичар на натпреварите од ЛШ во оваа земја.
„Треба да му се забрани на тој начин да постигнува голови. Би требало да добие жолт картон за ова“, истакна Ван дер Гијп.
This view of the Messi free kick ?pic.twitter.com/3iePqwqaNt
— ASG (@ahadfoooty) May 1, 2019