Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Капитенот на Барселона, Лионел Меси постигна два гола во победата од 3-0 на Барселона против Ливерпул на „Камп Ноу“ во полуфиналето од Лигата на шампиони, па порача дека ги очекува тежок реванш на „Енфилд“.
Сепак, Аргентинецот по мечот покажа дека е голем човек и испрати порака до легендарниот голман Икер Касилјас, против кого одигра многу натпревари додека Шпанецот бранеше за Реал Мадрид.
„Сакам да му испратам прегратка и поддршка на Икер, со желба побрзо да оздрави“, порача Меси.
Да потсетиме, Касилјас доживеа срцев удар на тренингот на Порто, по што беше пренесен во болница, кадешто му беше извршена операција, а во моментов неговата состојба е стабилна.