Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Холандскиот дефанзивец Матијас Де Лигт ова лето сигурно ќе биде една од главните мети на многу европски великани.
Младиот фудбалер на Ајакс ја воодушеви јавноста со својата игра оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски клубови. Де Лигт го поврзуваат со многу екипи, но како што стојат работите најверојатно кариерата ќе ја продолжи во дресот на Барселона.
Покрај каталонскиот клуб, интерес за Де Лигт покажа и Јувентус, Манчестер Јунајтед и ПСЖ, но младиот Холанѓанец не крие дека желба да ја продолжи кариерата му е во дресот на првакот на Шпанија – Барселона.
Манчестер Јунајтед проба и претходно да влезе во преговори со холандскиот играч, но тој ги одби. Ајакс издаде дозвола дека сите преговори се одобрени се додека останатите клубови ја почитуваат цифрата која тие ја бараат за својот капитен.
Црвените Ѓаволи одлучија да одат по пократкиот пат, па го контактираа Мино Раиола кој е менаџер на Де Лигт. Меѓутоа, после неколку разговори добија брутален одговор од младиот одбранбен играч.
Наводно, тој им порача на управата на Манчестер Јунајтед дека не сака да ја продолжи својата кариера на Олд Трафорд, бидејќи тоа е понуда која не го привлекува. Таква одлука донел бидејќи смета дека Јунајтед не е клуб каков што бил некогаш и сака да ја продолжи кариерата во тим кој редовно се натпреварува во Лигата на Шампионите.