Играчите на Манчестер Јунајтед си ја добија заслужената казна по катастрофалната сезона


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тоа што Манчестер Јунајтед не се пласира во Лигата на шампионите значително ќе се одрази на платите на играчите.

„Скај Спортс“ пренесува дека од раководството на клубот одлучиле да намалат дури по 25% од платите на сите играчи како резултат на тоа што тимот не успеа да се пласира во Лигата на шампионите за следната сезона.

Претходно Манчестер Јунајтед беше познат како клуб кој богато ги наградува своите фудбалери, па многумина од нив во моментов земаат астрономски плати иако не прикажуваат многу на теренот.

Ова би можело да значи и крај за некои ѕвезди на клубот кои нема да бидат задоволни со намалувањето на платите.