Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола вели дека не чувствува трема пред последното коло во Премиерлигата, кое ќе реши кој ќе биде шампион сезонава.
Сити има еден бод повеќе од Ливерпул и со победа против Брајтон би ја одбранил титулата.
„Среќен сум. Воопшто немам трема. Бев нервозен кога Ливерпул имаше седум бода повеќе, па разлката можеше да биде и поголема. Но, сега немам трема. Спијам како дете. Уживаме во позицијата во која се наоѓаме“, вели Гвардиола.
Шампионот во Премиерлигата по осми пат ќе биде решен во последното коло од натпреварувањето, а во претходните седум случаи триумфираше тимот, кој во последното коло влезе како прв на табелата.
Сите натпревари се играат денеска од 16 часот.