До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер Јунајтед со поразот од Кардиф од 0:2 ја заврши една од најлошите сезони кои ги играл до сега во последните 30 години.
Црвените Ѓаволи синоќа пред своите навивачи беа поразени со резултат од 2:0 од тимот и така на најлош начин ја завршија сезоната која сите ќе сакаат брзо да се заборави.
Јунајтед во секоја сезона е фаворит за освојување на титулата, но веќе со години нивниот „дом“ е во средината на табелата. Црвените Ѓаволи едвај конкурираа за Лига Европа, а за Лигата на Шампионите ќе остане само сон за наредната сезона.
Јасно е дека Јунајтед треба да направи големи промени што се однесува до играчкиот кадар бидејќи Јунајтед е клуб со неколку звезди кои тотално потфрлија во текот на оваа сезона.
Навивачите во овој случај мислат на најплатениот играч Алексис Санчез кој сигурно ќе ги спакува куферите. На крајот од сезоната како и во клубот да почнаа да ги провоцираат навивачите со неверојатната реклама пред стадионот.
DHL одлучи да ја рекламира својата компанија, но навивачите не можат да веруваат каков слоган и кои играчи се искористени за рекламата. На банерот се Алексис и Лукаку играчите кој можеби најмногу потфрлија од доаѓањето во Театарот од Соништата.
These two haven’t pic.twitter.com/pbrpCIMSXX
— Samuel Luckhurst (@samuelluckhurst) May 12, 2019









