Бомба од Мадрид: Атлетико објави видео на кое Гризман се збогува од клубот (Видео)

На официјалниот Твитер профил на Атлетико Мадрид пред 20тина минути осамна видео на кое првата ѕвезда на клубот упатува порака со која најавува заминување и се простува од сите во Мадрид.

Гризман ќе може да си замине од „Ванда Метрополитано“ за сума од 120 милиони евра, сума која е доста примамлива за европските гиганти.

„Ова беа неверојатни пет години. Ви благодарам многу за се, засекогаш ќе останете во моето срце“- истакна меѓу другото Гризман во емотивното видео.

Се верува дека Антоан Гризман кариерата ќе ја продолжи во редовите на Барселона, а веќе почнаа шпекулациите за евентуалната замена за Гризман во Мадрид. Се верува дека „јорганџиите“ ќе тргнат по услугите на Пауло Дибала од Јувентус.