Модриќ се присети: Добив повик во мојата соба и почнав да плачам (ВИДЕО)

За Лука Модриќ еден од најважните моменти во животот беше освојувањето на „Златната топка“, која ја доделува „Франс Фудбал“.

Модриќ лани ја освои Европа со Реал Мадрид, а со Хрватска освои сребрен медал на Светското првенство во Русија, па како круна му дојде „Златната топка“.

Хрватот така ја прекина доминацијата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои по пет пати ја освојуваа наградата, а веста дека најпрестижната награда пристигнува во негови раце предизвика посебни емоции.

„Бев во својата соба, па ми се јави уредникот на ‘Франс Фудбал’, а потоа се расплакав“, вели Модриќ.