Симовски го објави списокот со ракометарки за баражот со Словенија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски го објави списокот со ракометарки за бараж натпреварите против Словенија.

Македонија има шанса да се пласира на Светското првенство, кое се игра годинава во Јапонија, а најголема пречка ќе биде Словенија.

Нашата репрезентација е домаќин на втори јуни во Скопје, а реваншот е на шести јуни во Целје.