Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот француски тренер Арсен Венгер ќе се врати во светот на фудбалот. Тој има три понуди и наскоро ќе донесе одлука.
Ниту една понуда не е од Премиерлигата, зашто 69-годишниот Венгер не би прифатил да се пресели таму поради почит кон Арсенал, кој го тренираше 22 години.
Лондонскиот тим го напушти на крајот на минатата сезона, односно 13 мај 2018 година. Венгер одмараше цела сезона, а очигледно му е досадно, па реши да најде нов ангажман.
Се шпекулира дека постои понуда од францускиот шампион ПСЖ, според која Венгер би станал спортски директор, но легендарниот Французин сака да биде тренер.
„Тајмс“ пишува дека постојат уште две понуди, а една е од Баерн Минхен, кој на крајот на сезоната ќе го отпушти Нико Ковач, а втората е од Јувентус, кој исто така ќе остане без Масимилијано Алегри.