Еуфорија во Каталонија: Де Јонг и Де Лихт стигнаа во Барселона (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младиот фудбалер Френки де Јонг го напушта Ајакс на крајот на сезоната и кариерата ќе ја продолжи во Барселона, со која потпиша договор пред неколку месеци, а неговиот трансфер ќе изнесува 75 милиони евра.

Меѓутоа, главна цел на Барселона е сега да го донесе и неговиот најдобар пријател Матијас де Лихт, кој ги воодушеви сите со своите настапи во дресот на Ајакс.

Овој 19-годишен фудбалер стана капитен на Ајакс и се наоѓа на листата со желби на многу клубови, но од самиот почеток Барселона се поврзува со негов трансфер.

Сепак, преговорите не одат најдобро, зашто неговиот агент Мино Рајола не е во најдобри односи со каталонскиот гигант.

Но, многумина сметаат дека на крајот Де Лихт ќе заврши во Барселона, зашто и самиот кажа дека сака да игра за Каталонците.

Сите навивачи паднаа во „транс“, откако го забележаа Де Лихт заедно со Де Јонг во Барселона, но тој решил да одмори неколку дена.