Ванда испрати сочни пцовки до коментаторот по голот на Икарди (ВИДЕО)

Ванда Нара, контроверзната сопруга на Мауро Икарди сочно го пцуеше коментаторот, кој го пренесуваше мечот во кој Интер загуби со 1-4 од Наполи.

Единствениот гол за „нераѕурите“ го постигна Икарди и тоа во финишот на мечот, кога на семафорот веќе беше 4-0 за Наполи.

Коментаторот во тој момент кажа дека голот на Икарди е бескорисен, а тоа ја налути Ванда, која почна сочно да го пцуе коментаторот.

„П*****а на сестра ти е бескорисна“, кажа Ванда.

Кога разбра што направила, го избриша видеото, но веќе беше доцна, зашто тоа беше објавено на многу места на социјалните мрежи.