„Ел Чирингито“: Реал Мадрид договори трансфер на ѕвезда од Премиерлигата


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Спортската емисија „Ел Чирингито“ објави дека Реал Мадрид се договорил со ѕвездата на Тотенхем, Кристијан Ериксен, кој ќе биде претставен како ново засилување по завршување на финалето во Лигата на шампиони, кадешто ќе се пресметаат неговиот клуб и Ливерпул.

Долго време се поврзуваше данскиот репрезентативец со „кралевите“, а конечно се договорил со нив, откако претходно одби да ја продолжи соработката со англискиот гигант.

Според првите шпекулации, Реал за Ериксен ќе плати дури 100 милиони евра, а Данецот ќе потпише договор во времетраење од четири години.

Да потсетиме, „Ел Чирингито“ е емисија, која пред сите објавува информации поврзани со „кралевите“.