Манчестер Јунајтед го решава проблемот во средниот ред со играч од ПСЖ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од таборот на Манчестер Јунајтед размислуваат во своите редови да го донесат фудбалерот на ПСЖ, Адриен Рабио.

Фудбалерот ќе си замине од ПСЖ ова лето веднаш штом неговиот договор со клубот истече и ќе биде слободен да ја избира средината во која сака да продолжи.

Младиот, 24 годишен играч од средниот ред се уште нема одлучено каде ќе ја продолжи кариерата. За него голем интерес имаше од Барселона, но се верува дека Каталонците ќе се откажат од неговиот потпис по доаѓањето на Френки Де Јонг во клубот.

Проблем може да претставува тоа што Рабио нема играно од декември кога дефинитивно одлучи да си замине од ПСЖ.