Руни откри што ќе работи по крајот на кариерата

Легендарниот англиски фудбалер, Вејн Руни истакна дека по завршувањето на професионалната кариера планира да остане активно да работи во фудбалот.

Англичанецот откри дека еден ден сака да биде менаџер и да биде успешен во таа работа затоа што фудбалот е негова пасија целиот живот.

„Целиот мој живот сум инволвиран во фудбалот. Тоа е нешто што го сакам и тоа е она што го знам, па би било штета да не влезам во менаџерските води и да се пробам. Се надевам дека ќе бидам успешен“ –истакна Вејн Руни.

Многу од неговите поранешни колеги од Манчестер Јунајтед, но и од репрезентацијата на Англија веќе влегоа во менаџерските води, а дел од нив успешно пливаат во нив.

Френк Лампард со успех го води Дерби Каунти, Рајан Гигс е селектор на Велс, Џон Тери помошник во Астон Вила, а Оле Гунар Солскјер е предводник на Манчестер Јунајтед.

Сигурно и фановите со нетрпение го очекуваат Вејн Руни покрај аут линијата во блиска иднина.