Уапсен поранешен фудбалер на Реал Мадрид поради – местење натпревари!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанската полиција упасени неколку функционери на клубови од првиот и вториот ранг во шпанскиот фудбал, поради наместени натпревари во мај 2018 година, а меѓу уапсените е и поранешен фудбалер на Реал Мадрид, Раул Браво.

Поранешниот дефанзивец, кој настапуваше за „кралевите“ од 2001 до 2007 година, наводно, бил лидер на цела операција, која имала за цел да добие профит на обложувалници.

Исто така, меѓу уапсените е и поранешниот претседател на Уеска, Огустин Ласаос. Сомнителен меч на клубот бил тој од минатата сезона против Химнастик од 0-1.

„Случајов го работиме повеќе од една годна, не може да кажеме ништо, зашто тоа треба да биде во тајност поради полицијата. Многу е болно, зашто влијае на клубовите, но најважно е да се отстрани корупцијата од фудбалот“, вели претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.