Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе му дозволи на Серхио Рамос да го напушти „Сантијаго Бернабеу“, но само доколку добијат понуда од 100 милиони евра.
Шпанските медиуми пишуваат дека капитенот на „кралевите“ е во караница со претседателот на Флорентино Перез, кој пред два дена потврди дека искусниот дефанзивец барал да го напушти Реал без обештетување.
„Рамос и неговиот агент дојдоа кај мене во канцеларија и ми кажаа дека имаат добра понуда од Кина. Меѓутоа, според правилата на лигата, на тој клуб не му е дозволено да плати за трансер. Сепак, Реал Мадрид не може да го пушти капитенот бесплатно“, вели Перез.
Рамос пристигна во Мадрид во 2005 година од Севилја и одигра вкупно 606 натпревари, а притоа постигна 84 гола.
Sergio Ramos has been offered a salary of €35m/year from China (after taxes) – 3 year contract. He’ll earn more than €100m in 3 years in China compared to €40m that he’ll earn from 3 years staying at Real Madrid. pic.twitter.com/igMLct47Cr
— Transfer News (@TransfersLlVE) May 28, 2019
D’après @diarioas, le Real Madrid demanderait 100M€ a qui voudrait acheter Sergio Ramos?? pic.twitter.com/UwwiFM4UGy
— FootPrime (@FootPrime_) May 29, 2019