Агуеро откри каде ќе ја продолжи кариерата: Имам договор со Сити, а потоа…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро планира за две години да се врати во Индепендиенте, односно во Аргентина.

Агуеро има договор на уште две години со „граѓаните“, а како што вети неколку пати, тој сака повторно да игра во аргентинскиот гигант.

„Очигледно навивачите сакаат мое враќање во Индепендиенте, но и понатаму имам договор со Сити. Мојот фокус е да ги одработам тие две години и да заминам од Манчестер, а тогаш мој приоритет ќе биде Индепедиенте“, кажа Агуеро.

Агуеро во 2006 година за 20 милиони евра се пресели од аргентинскиот гигант во Атлетико Мадрид, од кадешто пет години подоцна се пресели во редовите на „граѓаните“.