Навивачите на Интер со порака до Конте: Ние не сме Јувентус!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Антонио Конте утринава беше поставен за тренер на Интер, а нетрпеливоста кон Јувентус на навивачите би можела да направи проблеми.

Конте последниот ангажман го имаше во Челси, а трипати ја освои Серија А и тоа трипати со Јувентус од 2011 до 2014 година. Тој работеше претходно во Бари, Аталанта и Сиена, па го познава италијанскиот фудбал.

Дел од навивачите на Интер не се воодушевени со таа информација, па популарната група „Курва Норд“ се сомнева во квалитетот на Конте.

„Се сомневаме во Конте, зашто долги години беше дел од еден систем, кој е со светлосни години одалечен од моралните и сите други норми кои ги застапуваме во Интер. Ние не сме Јувентус“, соопштија од навивачката група.

Останува да видиме како ќе се прилагоди Конте во Интер, а интересно е тоа што навивачите на Јувентус почнаа петиција да се избрише името на Конте од легенди на клубот.