Следува Финалето на Лигата на Шампионите, па голем трансфер на Енфилд


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул и Лил започнаа преговори околу трансферот на фантастичниот напаѓач Николас Пепе.

Како што наведуваат англиските медиуми, Редсите сакаат да го доведат овој 24 годишен фудбалер во своите редови и започнаа со преговорите со вицепрвакот на Франција околу неговиот ангажман.

Пепе во изминатата сезона „експлодираше“ во дресот на Лил. Постигна 22 погодоци и запиша 11 асистенции, а таквите сензации не поминаа незабележано од страна на големите тимови.

Се поврзуваше и со многу други тимови. Баерн беше најконкретен во овој случај, но на крајот цената од 70 милиони евра ги одби.

Ливерпул се одлучи да се впушти во трката по овој играч. Испратија официјална понуда и Пепе можно е да заврши на Енфилд.

Прашање е само дали неговото евентуално доаѓање би можело да влијае на напаѓачкото трио на Редсите. Мане, Салах и Фирмињо беа незаменливи и лесно би можело Пепе да биде замена за некој од нив.

Меѓутоа, на Ливерпул сигурно сега им е приоритет настапот во Лигата на Шампионите и освојување на трофејот.

Редсите утре против Тотенхем ќе пробаат да се изборат за титулата во Лигата на Шампионите.