Клоп потврди дека двајца фудбалери си заминуваат од тимот

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп им се заблагодари на двајца фудбалери на клубот кои ќе си заминат во летниот преоден рок.

Станува збор за Даниел Стариџ и Алберто Морено кои среќата ќе ја побараат во некои други тимови во Англија и Шпанија.

„Најважните зборови за овие двајца фудбалери се „ФАЛА ВИ“. Тие беа овде кога пристигнав како менаџер и за време на тој период, како и сите други, помогнаа да се етаблираме како тим кој оди во правилна насока. Без нив немаше да видиме тимот кој што сме сега и немаше да сме тука во овој момент“ –истакна Клоп.