Килијан Мбапе сака да си оди од ПСЖ

Како што наведува Cadena SER, таткото на францускиот напаѓач Вилфред Мбаше, во Цирих имал разговори со „многу важна личност во светот на фудбалот“, а тема било заминувањето на Мбапе од ПСЖ.

Cadena SER наведува дека Мбапе не се чуствува добро во соблекувалната на ПСЖ, а за ова се обвинуваат Тухел и Нејмар.

Францускиот фудбалер го обвинува Тухел што не му допушти да изведува пенали и така да дојде во можност да ја освои Златната копачка, бидејќи имал милион и пол евра бонус ако дојде до тоа достигнување.

Исто така, односот со Нејмар не му е најдобар.L’Equipe тврди дека во тимот има два клана, Французи и Бразилци.

Мбапе е лидер кај Французите, додека Нејмар кај Бразилците, а очигледно Бразилците победуваат, затоа што Мбапе бара заминување од клубот.

Останува на времето да покаже што ќе се случи.