Сензација на Ролан Гарос: Девојка од Америка ја елиминираше Халеп!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младата американска тенисерка Аманда Анисимова направи вистинска сензација на Ролан Гарос, откако во четвртфиналето ја совлада Романката, Симона Халеп.

Иако има 17 години и Американката беше аутсајдер, сепак во денешниот меч одигра одлично со 6-2 и 6-2 и за 70 минути ја „нокаутираше“ Халеп.

Во полуфиналето таа ќе игра протв Ешли Барти, која претходно ја совлада Медисон Киз од Америка.

Треба да се каже дека во продолжение на денот на Ролан Гарос ќе се одиграат уште две машки четвртфиналиња.

Новак Ѓоковиќ ќе игра против Александер Зверев, а Доминик Тим ќе се соочи против Карен Качанов, во натпреварите кои вчера беа одложени поради дождот во Париз.