Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Медијаспорт“ пишува дека новиот калчолигаш Лече планира да го ангажира македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, кој не успеа претходно со Палермо да обезбеди пласман во Серија А, па сигурно ќе бара поголем предизвик за следната сезона.
Лече има големи амбиции за идната сезона, па тие нема да се задоволат само со опстанок во Серија А, па поради тоа планира да го ангажира Несторовски, но и неговиот колега од Палермо, Андреа Рисполи.
Засега нема испратено официјална понуда до Палермо, но дефинитивно постои интерес од страна на Лече, кој треба да се бори со уште неколку клубови за потписот на македонскиот напаѓач.
Несторовски претходно се поврзуваше со неколку калолигаши, но засега не е позната неговата иднина.