Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Луис Суарез е подготвен за Копа Америка, откако го оперираше коленото пред неколку недели. Последниот меч напаѓачот го одигра во полуфиналето на Лига на шампиони, кадешто Барселона доживеа дебакл против Ливерпул од 0-4.
Тоа беше еден од најтешките порази во кариерите на фудбалерите на Барселона, а тоа се однесува посебно на Суарез. Уругваецот не беше дочекан најдобро на „Енфилд“, иако со многу успех го носеше нивниот дрес.
Но, поради прославата на голот од првиот меч, Суарез беше дочекан со свирежи од трибините, а навивачите на Ливерпул ја прославуваа секоја негова грешка на теренот.
„Деновите по мечот во Барселона за мене се најлоши моменти во животот и кариерата заедно со Мундијалот од 2014 година. Сакав да исчезнам од светот. Не можев да ги водам децата во училиште затоа што сите бевме многу лошо. Неколку дена не можев ништо да правам, зашто ми беше премногу тешко“, објаснува Суарез.