Реал Мадрид нуди 45 милиони фунти плус фудбалер за ѕвезда на Тотнем


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид ангажираше неколку засилувања досега во летниот преоден рок, а најзвучни имиња се Еден Азар и Лука Јовиќ, но очигледно шпанскиот тим планира да тргне и по потписот на Кристијан Ериксен од Тотенхем, но овојпат има поинаква понуда за Лондончани.

Ериксен е еден од најважните фудбалери на Тотенхем, па минатата сезона ги предводеше до финале во Лигата на шампиони, кадешто загубија од Ливерпул.

Сепак, Данецот сака нов предизвик во кариерата, па тоа го кажа за медиумите пред некое време, а „кралевите“ се најголемиот фаворит за неговиот потпис.

Шпанскиот гигант, наводно, планира да понуди 45 милиони фунти за Ериксен плус Дани Себаљос, на кој нема да смета тренерот Зинедин Зидан, па така го промени првиот план, кадешто требаше да плати 113 милиони фунти за трансфер на Данецот.