Зајон Вилијамс е првиот пик во НБА-лигата


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Синоќа беше одржан НБА-драфтот, а како што се очекуваше, Зајон Вилијамс беше избран од страна на Њу Орлеанс пеликс, додека Морант како втор пик се пресели во Мемфис гризлис. Трет пик беше РЏ Берет, кој се пресели во Њујорк никс.

Првиот интернацонален кошаркар е Руи Хачимура, кој како деветти пик заврши во Вашингтон визардс.

Сакраменто кингс на 60 место го драфтуваа кошаркарот на Партизан Вања Маринковиќ, а вреди да се спомене и Ален Смаилагиќ, кој е роден во белград.

Првите пет пикови на синоќа одржаниот НБА-драфт изгледаат вака:

1. Зајон Вилијамс (Њу Орлеанс)
2. Ја Морант (Мемфис)
3. РЏ Берет (Њујорк)
4. Де Андре Хантер (Атланта)
5. Дариус Гарланд (Кливленд)