Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми пишуваат дека Тотенхем веќе го контактирал раководството на Фенербахче за Елиф Елмас, па наводно веќе понудиле сума од околу 20 милиони евра.
Претходно се шпекулираше дека турскиот гигант ќе го пушти македонскиот репрезентативец да замине за сума од 20 милиони евра, а очигледно Тотенхем ги направи првите посериозни чекори, па наскоро би можеле да го видиме Елмас во Лондон.
Елмас имаше солидна сезона со Фенербахче, за кој одигра 40 натпревари во сите натпреварувања, па со неговите одлични настапи привлече интерес на европските гиганти.
Тотенхем не е единствениот гигант, кој покажа интерес за Елмас, откако претходно со македонскиот репрезентативец се поврзуваа и Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид, Наполи, Интер…