Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Американските медиуми Кевин Дурант ќе стане слободен кошаркар на лето, откако одби да ја продолжи соработката со Голден Стејт вориорс, па така се откажа од 31,5 милиони долари.
Оваа информација не изненади никого, поради тоа што долго се најавуваше дека Дурант би можел да направи нешто слично.
Инаку, тој и неговиот агент, според шпекулациите на „ЕСПН“, се наоѓа во Њујорк, кадешто решаваат за иднината на одличниот кошаркар.
Да потсетиме, Дурант во петтиот меч од финалето во НБА-лигата против Торонто репторс ја повреди ахиловата тетива поради која би требало да пропушти дел од следната сезона.
Инаку, во недела во НБА-лигата почнува летниот преоден рок за слободни кошаркари и јасно е дека наскоро ќе биде решена судбината на Дурант.