Легенди на Ливерпул и Арсенал главни фаворити за наслендик на Бенитез во Њукасл


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега откако стана јасно дека Рафаел Бенитез нема да биде тренер на Њукасл следната сезона, од клубот се во постојана потрага по адекватна замена.

Иако во јавноста се шпекулираше дека на клупата на Њукасл би можел сензационално да седне Жозе Мурињо, тоа нема да се случи откако самиот тренер отфрли таква можност.

Според англиските медиуми главни фаворити за позицијата се Стивен Џерард кој во моментов го води Глазгов Ренџерс како и Патрик Виера кој е тренер на Ница.

Освен нив се споменува и името на Клаудио Раниери кој си замина од Рома, а имаше неславна епизода во Фулам.